Францускиот институт во Скопје организра гала филмска вечер „Кан во Скопје“

Филмот „Втор чин“ премиерно во „Синеплекс“

Во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, во среда на 5 јуни во 20:00 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол ексклузивно ќе биде прикажан Филмот „Втор чин, филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал.

Филмот е во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги.

Француските медиуми за филмот напишаа:

Фигаро: „Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор“

Пари- Мач: „Втор чин“ е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран  носи рекордно долги кадри.

Eхо: Дипје е неуморен: тој „поставува на сцена“ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех!

.

е-Трн да боцка во твојот инбокс