РеТрн со Филип Ѓорѓиев: Како „Кеса на 10“ стана симбол на една позитивна промена

Филип Ѓорѓиев, основачот на иницијативата „Кеса на 10“, гостува во РеТрн и зборува за екологијата, мотивацијата и промените што ги носат неговите акции.

Во новата епизода на РеТрн ни гостува Филип Ѓорѓиев – бербер по професија и човекот кој стои зад иницијативата „Кеса на 10“, идеја што за многу кратко време прерасна во едно од најпозитивните еколошки движења на социјалните мрежи кај нас.

Неговата формула е едноставна: за секои 10 нови следбеници – една наполнета кеса отпад помалку во природата. Токму таа идеја му донесе илјадници следбеници, но уште поважно – придонесе да се собере голема количина отпад и да се испрати силна порака дека промените започнуваат од секој од нас.

Во разговорот со Дениз, Филип одговара на неколку кратки, но директни прашања:

Што го мотивира да ги организира овие акции?
Дали неговата иницијатива навистина носи промени?
Дали како општество доволно се грижиме за околината?
И… ако не беше „Кеса на 10“, по што денес ќе беше препознатлив?

Една идеја. Голема промена. Илјадници луѓе што ја препознаа.

Не ја пропуштајте новата епизода на РеТрн.

е-Трн да боцка во твојот инбокс