ФИФА воведува ново правило пред Светското првенство, целиот тим ќе стои на терен за време на химните

ФИФА продолжува со промени во натпреварувачките протоколи, а една од најновите новини пред Светското првенство во САД, Канада и Мексико се однесува на церемонијата пред почетокот на натпреварите.

ФИФА во последните месеци активно ги ажурира своите натпреварувачки протоколи, воведувајќи нови елементи за поголем спектакл на натпреварите. По новините на Светското клупско првенство, сега се најавуваат дополнителни измени и за Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, од 11 јуни до 19 јули.

Една од најзначајните новини се однесува на церемонијата пред почетокот на натпреварите. За време на изведувањето на државните химни, на теренот повеќе нема да стојат само стартните единаесет играчи и судиите, туку целиот тим – вклучувајќи ги резервните фудбалери и стручниот штаб.

Според медиумските извештаи, оваа промена има цел да го зголеми визуелниот впечаток пред почетокот на натпреварите и дополнително да го нагласи тимското единство.

Новината веќе предизвикува реакции во јавноста, а дел од медиумите посочуваат дека особено би можела да биде дочекана со одобрување од навивачите на Босна и Херцеговина, познати како „Змаеви“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс