Мета воведува нови алатки на Фејсбук со кои пребарувањето, креирањето содржина и уредувањето фотографии ќе станат поинтерактивни и покреативни.
Како и многу други технолошки компании во последниот период, Мета сè поинтензивно ја интегрира вештачката интелигенција во своите платформи. Најновите промени сега пристигнуваат и на Фејсбук, кој добива три нови функции со ВИ, насочени кон подобрување на корисничкото искуство.
Новитетите треба да го направат пребарувањето поефикасно, споделувањето содржина покреативно, а уредувањето фотографии подостапно за поширок круг корисници.
Една од новите функции се однесува на шаблони за сечење колажи и ефекти на транзиција. Станува збор за надградба на предлозите за споделување фотографии од галеријата на телефонот, кои Мета почна да ги воведува кон крајот на минатата година. Според компанијата, овие алатки ќе им овозможат на корисниците полесно да создаваат мазни и визуелно поатрактивни видео-монтажи.
Од Мета посочуваат дека оваа опција ќе работи само со согласност на корисникот и дека може да биде исклучена во секое време.
Третата новина се однесува на однапред подготвени поставки за фотографии, со чија помош корисниците ќе можат преку вештачка интелигенција да го менуваат својот изглед на фотографиите. Тоа вклучува промена на облека, фризура и додатоци.
За да се искористи оваа функција, корисниците треба да ја допрат иконата „Уреди со ВИ“ во „Сторис“ и да ја изберат опцијата „Носи го“. Истата можност ќе биде достапна и преку профилната фотографија, со допирање на опцијата „Промени стил“.
Со овие измени, Фејсбук јасно покажува дека Мета сака сè повеќе да ја поврзе социјалната мрежа со алатки базирани на вештачка интелигенција, следејќи го трендот што веќе е присутен кај другите големи технолошки компании.