Фестивалот EXIT на своите социјални мрежи на последниот ден од изборната кампања пред изборите во Србија кои ќе се одржат во недела повикаа на враќање на светлоста во Србија и обединување зад Студентската листа и бројот 3.
Во видеото се појавува ликот на Никола Тесла кои вели дека младите не ја прифаќаат темнината и дека создаваат нова светлина и нов свет.
„Кога ќе го видите бројот 3 во него препознајте ја пораката на претците. Повик да да го разбудиме она највиското во себе за во Србија да изгрее вистинска зора и да победи светлината“ вели Тесла во спотот.
Спотот завршува со пораката „Студентите победуваат“ и со повик во недела да се гласа за бројот 3.
