Европските денови на зелениот појас на Шар Планина ќе се одбележат со рурално кино и локална храна

Иницијативата за Европскиот зелен појас одбележува 10 години годинава. Европскиот зелен појас поврзува 3272 заштитени подрачја од кои 40 прекугранични национални паркови во 24 земји долж 12500 km

На 20 и 21 септември во соработка со Македонско еколошко друштво и Центарот за едукација и развој, ќе се одбележат Европските денови на зелениот појас на Шар Планина со рурално кино и локална храна.

„Иницијативата за Европскиот зелен појас одбележува 10 години годинава. Европскиот зелен појас поврзува 3272 заштитени подрачја од кои 40 прекугранични национални паркови во 24 земји долж 12500 km. Годинава ги прославувамe овие денови со рурално кино во Вратница и Теарце и би сакале да ни се придружите овој петок и сабота од 19:00часот“ велат организаторите.

На програмата се следните филмови:

„Гранична, загрозена пастрмка Оланга“, Алис Вајтхаус, Обединето кралство, 2024, 7′,

„Спасување на критично загрозениот балкански рис“, Алис Вајтхаус, Обединето кралство, 2024

„Следна е Сагармата“, Мартин Ивар Едстром, Шведска, 2023, 12′

„Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија, 19’, 2023

„Патиштата на хероите“, Ана Константиновиќ, Србија, 42’, 2023

„Прва македонска трансверзала“ – Горан Вукиќ/Кирил Шентевски, Македонија, 2015

Програмата во Вратница е петок 20.09.2024 со почеток од 19:00 во дворот на училиштето

Програмата во Теарце е сабота 21.09.2024 со почеток од 19:00 во дворот на училиштето

е-Трн да боцка во твојот инбокс