ЕВН Македонија објави дека денес, на 23 април 2026 година, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, повеќе делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија.
Најдолгиот прекин ќе го почувствуваат корисниците во Индустриската зона Момин Поток во Општина Карпош. Без струја ќе останат фирмите „Стил Железо”, „Електроводомонд” и „Европа 92″, како и дел од улиците 1506, 1550 и „Дани Калош”, и тоа во периодот од 04:30 до 15:30 часот.
Корисниците на улицата „Роман Каскалиевиќ” во населбата Сингелиќ, Општина Гази Баба, ќе бидат без електрична енергија од 08:30 до 14:00 часот.
Прекин е предвиден и за жителите на улиците „Нерешка”, „Теодосиј Синаитјски” и „Жданец” во Општина Карпош, каде снабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до 12:00 часот.