Еве колку заработи Босна и Хецеговина со пласманот во нокаут фазата на СП

Само пласманот на СП донесе девет милиони долари, додека пласманот во 1/16 финалето ја наполни касата со дополнителни два милиони

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина постигна историски успех со пласманот во шеснаесеттото коло од финалето на Светското првенство, а заедно со пласманот во нокаут фазата, обезбеди и значителна финансиска награда.

Во последното коло од групната фаза, избраниците на тренерот Сергеј Барбарез го победија Катар во натпревар кој мораше да го добијат, а потоа чекаа на исходот од дуелот помеѓу Бразил и Шкотска. Победата на „Кариоките“ беше неопходна за селекцијата на Босна и Херцеговина да го потврди пласманот во нокаут фазата, а токму таков исход дојде од втората средба од групата.

Ривал на Босна и Херцеговина во првото коло од нокаут фазата речиси сигурно ќе биде селекцијата на Соединетите Американски Држави, еден од домаќините на првенството.

Покрај големиот спортски успех, Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина има и причина да биде задоволен. Само пласманот на Светското првенство им донесе девет милиони долари, додека пласманот во 1/16 финалето ја наполни касата со дополнителни два милиони. Вкупно 11 милиони

Доколку „Змејовите“ стигнат до првите 16, ќе заработат уште три милиони евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс