На платформата Икс, Кос го нарече денешниот ден „Супер вторник” за проширување на ЕУ. Четири од водечките земји-кандидатки, Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, остваруваат значителен напредок во процесот.
Со Украина и Молдавија ќе биде отворен Кластер 6. Тој опфаќа надворешна, безбедносна и одбранбена политика, области за кои, според Кос, постои особено силен аргумент во корист на нивното идно членство.
Албанија ќе ги затвори првите поглавја од преговорите, наука и истражувањето, образование и култура, како и надворешните работи. Црна Гора е во последна фаза од формалните преговори, откако досега привремено затвори 18 од вкупно 33 поглавја, што значи веќе половина од процесот.
„Денешниот замав мора да се претвори во конкретни резултати на терен”, истакна Кос.
Северна Македонија, сепак, останува надвор од денешниот настан, бидејќи земјава се уште нема отворено ниту едно поглавје. Формалните преговори започнаа во јули 2022 година, но досега не е отворено ниту едно поглавје. Условот за понатамошен напредок останува уставна промена со која Бугарите ќе бидат вклучени во преамбулата на Уставот.