Европската унија започнува амбициозна иницијатива за изградба на седум гигафабрики за вештачка интелигенција, со цел да ја намали технолошката зависност од САД и Кина и да го зајакне европскиот дигитален суверенитет.
Европската комисија најави инвестиција од 10 милијарди евра за изградба на седум гигафабрики за вештачка интелигенција (AI), со очекување оваа сума да привлече уште околу 20 милијарди евра приватни инвестиции.
Според Европската комисија, проектот има за цел значително да го зголеми пресметувачкиот капацитет на Европа и да овозможи развој на напредни AI системи. Секоја гигафабрика ќе располага со најмалку 100.000 најсовремени AI чипови, што ќе ги направи повеќекратно помоќни од сегашните европски центри за обработка на податоци.
Брисел смета дека развојот на сопствена AI инфраструктура е клучен за намалување на зависноста од американските технолошки компании, кои во моментов доминираат на европскиот пазар на облачни услуги и вештачка интелигенција.
Иако Европа сè уште заостанува зад САД и Кина во развојот на AI технологиите, Европската комисија уверува дека новите центри ќе работат според строгите европски стандарди за заштита на личните податоци, безбедност и етика.