Естонија: Русија стои зад опожарувањето на воената фабрика

Со сигурност можеме да кажеме дека палењето на компанијата „Милрем Роботика“ во Естонија, беше чин на саботажа на Русија, велат од Талин
Талин, Естонија - Фото: CAPTAIN RAJU/Wikimedia Commons

Владата на Естонија денес објави дека пожарот што избувна во август во одбранбената компанија „Милрем Роботика“ бил намерно подметнат по налог на руските безбедносни служби. „Милрем Роботика“ произведува беспилотни копнени возила и е еден од добавувачите за Украина.

Естонската премиерка Кристен Михал изјави дека заклучокот е базиран на информации собрани од Естонската безбедносна служба (КАПО). „Денес, со целосна сигурност можеме да кажеме дека палењето на компанијата „Милрем Роботика“ во Естонија, во ноќта на 15 август, беше чин на саботажа по наредба на специјалните служби на Руската Федерација“, рече Михал.

„Таквата акција е апсолутно неприфатлива и неодговорна“, рече Михал, додавајќи дека случајот ја покажува сè поочајната ситуација на Москва поради војната во Украина.

Кремљ ги отфрла обвинувањата.

Кремљ ги отфрли обвинувањата и рече дека Русија не стои зад нападот. Тие ги нарекоа обвинувањата неосновани и рекоа дека нема да ги сфатат сериозно. Естонија не ги објави доказите, повикувајќи се на доверливост, но вели дека инцидентот се совпаѓа со други случаи на саботажа извршени во име на Русија во Европа.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека случајот е „исклучително сериозен“ и дека Шведска целосно ја поддржува Естонија. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, исто така, ја изрази својата поддршка за Естонија.

„Неодговорните непријателски дејствија на Русија нема да нè поделат. Тие само ја зајакнуваат нашата решеност да го зајакнеме одвраќањето на НАТО и да ја поддржиме Украина“, напиша Вадефул на Платформа X.

е-Трн да боцка во твојот инбокс