Ескплозив најден во близина на важна термоцентрала во Германија

Весникот „Маркише Алгемајне“, пишува дека интервентните сили пронашле и деактивирале неколку ракетни направи со експлозив

Во близина на ТЕЦ Јеншвалде во Бранденбург, Германија, беше извршен обид за напад врз трансформаторска станица. Полицијата пронајде експлозивни направи во близина на електраната во Турнов-Прајлак, за кои се вели дека се ракети опремени со експлозиви. Експертите се на терен и работат на нивно деактивирање, пишува Велт .

Полицијата утрово околу осум часот била информирана за можно оштетување на една од линиите. „Обезбедуваме траги, а експертите за деактивирање се на терен“, изјави портпаролката на полицијата и потврди дека нема опасност за населението. Истрагата ја презеде Регионалната канцеларија на криминалистичката полиција на Бранденбург (LKA), а пронајдените направи беа опишани како импровизирани експлозивни и запаливи направи.

Пронајдени се повеќе ракетни лансери

Весникот „Маркише Алгемајне“, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови и самата компанија, пишува дека интервентните сили пронашле и деактивирале неколку ракетни направи со експлозив. Според истиот извор, трансформаторската станица била погодена неколку пати. Очигледно, целта била да се предизвика голем прекин на електричната енергија во блокот Е на термоцентралата на јаглен.

Мрежниот оператор 50Hertz потврди за „Märkische Allgemeine“ дека инцидентот се случил. „Утрово, засега непознати сторители веројатно оштетиле неколку линии во преносната мрежа 50Hertz“, рекоа тие.

Клучна електрана

На водовите беше регистриран краток прекин, но сите сега се повторно во функција. Компанијата нагласува дека општото снабдување со електрична енергија не е во опасност и дека тесно соработуваат со надлежните безбедносни служби. Портпаролот на операторот на електраната Лиг потврди дека нема повредени во компанијата.

Трафостаницата Прејлак, која се наоѓа во округот Шпре-Најсе во близина на границата со Саксонија, е клучна за дистрибуција на електричната енергија произведена во електраната Јеншвалде на регионално и национално ниво. Електраната Јеншвалде, според Леаг, е изградена помеѓу 1976 и 1989 година и била последната голема електрана изградена во поранешната ГДР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс