Во понеделник на 17-ти јуни во 13.00 часот, РадиоМОФ ги поканува младите активисти да споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам, планинарство и култура во нивните локални заедници на вториот ENGAGE Youth фестивал кој ќе се одржи во дворот на МОФ.
Говорници на вториот ENGAGE Youth за ова година се: Кристијан Лазарев, од „Отворете ги прозорците“ на тема „Како до попристапен и поприфатлив живот на младите со попреченост?”, Зоран Јаневски, од инцијативата „Донирај велосипед“ – „Преку „Донирај велосипед“ до поголем интерес на младите за хуманитарни акции и активизам“, потоа Филип Ивковски, од „Младите можат“ – „Добростостојбата и менталното здравје, важна тема кај младите во последните неколку години“ и Арта Старова од „МЕД“ – „Како да ги мотивираме младите за вклучување во еко-активизам?“
Со своите говори на единствениот настан за социјален активизам – ENGAGE Youth, тие ќе се обидат да едуцираат и инспирираат, а воедно и да создадат место за дружба и интеракција меѓу млади, групи и организации кои се стремат да го подобрат општество.