Иако најчесто се зборува за здравјето на срцето или дигестијата, метаболичкото здравје е клучен процес што многумина не го разбираат целосно. Тоа се однесува на тоа колку ефикасно телото, односно клетките – ги обработуваат глукозата, мастите, холестеролот и воспалителните процеси за да произведуваат енергија и да одржуваат рамнотежа.
Ендокринологот д-р Чаја Махија објаснува дека токму исхраната игра голема улога во овие процеси, а меѓу намирниците што се издвојуваат е брокулата. Според нутриционисти, брокулата содржи моќни биоактивни соединенија како сулфорафан, кверцетин и други флавоноиди кои делуваат антиоксидативно и противвоспалително. Покрај тоа, таа е богата со витамин Ц – 100 грама варена брокула обезбедува повеќе од половина од дневните потреби.
Како брокулата влијае на телото: црева, срце и шеќер во крвта
Еден од најважните ефекти на брокулата е нејзиното влијание врз цревниот микробиом. Влакната што ги содржи околу 5 грама во една шолја варена брокула ги хранат корисните бактерии во цревата. Ова помага во одржување здрава рамнотежа на микробиомот, што директно влијае на метаболизмот, регулацијата на шеќерот и воспалителните процеси.
Ендокринолозите предупредуваат дека нарушениот метаболизам често води до низа проблеми како висок притисок, покачен шеќер, намален „добар“ HDL холестерол и зголемени триглицериди – состојби што го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Брокулата може да помогне во ова бидејќи влакната придонесуваат за намалување на холестеролот и стабилизирање на шеќерот во крвта, додека антиоксидантите ги штитат крвните садови од оксидативен стрес. Дополнително, природните нитрати во брокулата можат да придонесат за подобар проток на крв и здрав крвен притисок.
Со редовна консумација, ова зеленчук-„суперхерој“ сè почесто се издвојува како едноставен, но моќен сојузник за подобро метаболичко и кардиоваскуларно здравје.