Снимена силна експлозија во Бенгази, руски воен брод од 200 милиони долари во пламен

Ракетната корвета „Меркуриј“ е зафатена од разорен пожар. Москва засега не се огласила за судбината на бродот.

илен блесок и густ чад над пристаништето во Бенгази се гледаат на снимката од ноќната експлозија што денеска се прошири на социјалните мрежи. Според Индекс, повикувајќи се на „Навал њуз“, пожар ја зафатил руската ракетна корвета „Меркуриј“, вредна околу 200 милиони долари.

Либиските власти потврдиле експлозија во склад за муниција во поморската база. Причината останува непозната, а никој не презел одговорност.

„Меркуриј“ стапил во служба во мај 2023 година и има екипаж од околу 90 членови. Според поморскиот аналитичар Х. И. Сатон, бродот пристигнал откако придружувал руски конвој поврзан со транспорт на воена опрема за операциите во Африка.


Бенгази е под контрола на силите на Халифа Хафтар, кои тесно соработуваат со Москва. Пристаништето е важно руско логистичко упориште за Африка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс