ЕХО Фестивал: Пет дена со 49 филмови за природата, планините и авантурите

Во официјалната филмска програма се избрани 49 филмови, по завршувањето на селекцијата за годинашното издание

Фестивалот ЕХО го најави своето 17. издание со петдневна програма, која ќе се одвива во Кино Фросина и на други локации. Покрај филмските проекции, публиката ќе може да следи презентации на гости од странство и домашни презентери, детски работилници и други настани.

Во официјалната филмска програма се избрани 49 филмови, по завршувањето на селекцијата за годинашното издание. Речиси 250 автори од околу 50 земји пријавиле филмови преку двете платформи што ги понудил фестивалот.

Најмногу пријави пристигнале од Шпанија, Франција, Италија, САД, Канада и Швајцарија, а организаторите истакнаа дека интересот за претставување пред македонската публика опфатил и многу други земји.

Избраните филмови носат разновидни приказни за планините, луѓето, авантурите, истражувањата, спортот, природата и културата. Заедничка нишка е поврзаноста на човекот со светот што го опкружува и различните начини на кои таа се доживува.

„Го најавуваме 17-тото издание на нашиот и Ваш фестивал – на нашата и Ваша прослава на вљубеноста на човекот во природата“, порачаа организаторите.

Од ЕХО најавија дека во следните денови ќе објавуваат повеќе детали за филмската програма, гостите и придружните содржини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс