Еден состојка од кујната ја заменува скапата хемија: Лимунтусот го отстранува каменецот без триење

Лимунтусот станува популарен природен чистач во домаќинствата, ефикасно го раствора каменецот, ги чисти апаратите и штеди пари без агресивна хемија.

Сè повеќе домаќинки се откажуваат од скапите хемиски средства и се враќаат на природни решенија за чистење, кои се поевтини, поедноставни и често поефикасни. Еден од најпопуларните „домашни трикови“ е лимунтусот – кристален прашок што најчесто се користи за подготовка на сокови и зимница, но има и силно дејство против тврдокорен каменец.

Лимунтус против каменец

Каменецот кој се создава во кујнските и бањските апарати е чест проблем во домаќинствата. Тој се таложи во бокалите, славините, машините за садови и судоперите, а може да ги оштети уредите и да ја зголеми потрошувачката на енергија.

Токму тука лимунтусот покажува ефикасност. Доволно е да се загрее литар вода и да се додадат две кесички лимунтус, па растворот да се остави во апаратот додека целосно не се олади. Каменецот почнува сам да се раствора без триење, а уредот останува чист и сјаен.

Корисниците велат дека резултатите често се подобри од оние со скапи хемиски средства кои имаат силен мирис и агресивен состав.

Чистење на машина за садови и судопери

Лимунтусот може да се користи и во машината за садови – доволно е една кесичка да се стави во преградата за детергент и да се пушти стандарден програм. На овој начин се отстрануваат наслагите, маснотијата и непријатните мириси. За чистење на судопер од нерѓосувачки челик, се препорачува комбинација од лимунтус, сода бикарбона и неколку капки лимонов сок. Оваа смеса брзо ги отстранува дамките и враќа природен сјај.

Големата предност на лимунтусот е неговата ниска цена и повеќенаменска употреба. Освен што го раствора каменецот, тој помага и во отстранување на мириси и одржување на чистотата на апаратите.

Редовната употреба може да го продолжи и животниот век на кујнските уреди, особено во домови со тврда вода. Со само неколку кесички лимунтус, можно е целата кујна да се освежи и исчисти без агресивна хемија и без големи трошоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс