Велика Британија одобри до 20 милиони фунти нова развојна помош за справување со епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Британската агенција за здравствена безбедност паралелно ги проценува ризиците од внесување на вирусот преку патници од погодените подрачја и активираше програма за следење и заштита на лицата кои патуваат од Велика Британија кон регионите зафатени од еболата.
Според најновите податоци, во Конго се регистрирани околу 600 сомнителни случаи и 139 сомнителни смртни случаи. Лабораториски се потврдени 51 случај во Конго, додека уште два случаи се потврдени во соседна Уганда.
Светска здравствена организација предупреди дека се очекува дополнително ширење на епидемијата и раст на бројот на заразени.
Средствата од британската помош ќе бидат насочени кон СЗО, агенциите на Обединетите нации и невладините организации, со цел зајакнување на надзорот, заштита на здравствените работници на терен и подобрување на мерките за превенција и контрола на заразата.