Две разорни торнада ја погодија Италија

Во Марсала беше погодено училиште, а неколку лица беа повредени, додека во градот Петрозине, пијавица фати автомобил и го фрли во клисура

Неколку лица беа повредени денес кога двојна пијавица во областа Трапани ја погоди Италија, предизвикувајќи голема штета на зградите.

Пијавицата ја погоди областа околу пристаништето Марсала и премина делови од регионот Трапани, објави агенцијата Анса.

Во Марсала беше погодено училиште, а неколку лица беа повредени, додека во градот Петрозине, пијавица фати автомобил и го фрли во клисура, а две лица беа повредени и однесени во болница. Директорот на училиштето во Марсала, Леонардо Гулота, изјави дека зградата е уништена од налетот на пијавици.

„Пијавицата директно го погоди изолираното одделение во Теренове и целосно го уништи. За среќа, немаше повредени меѓу персоналот, а особено не меѓу децата, беа добиени само мали гребнатини“, рече тој.

Во времето кога пијавицата поминала, во училиштето имало 273 деца. Вртлозите се формирале на море и се движеле кон копното, соопшти агенцијата. Портокалово временско предупредување е на сила денес за регионите Лацио и Кампанија поради можни поројни дождови. Патиштата во областа Кремона се поплавени по силна грмотевици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс