Search

Две награди за кумановскиот театар на фестивалот „Малиот принц”

Театар Куманово доби две награди за претставата „Црвенкапа“ на Фестивалот за деца и млади „Малиот принц” во Штип, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев”.

„Навистина сме горди и среќни што оваа претстава која имаше премиера пред три месеци и наиде на голем интерес кај публиката се закити со две награди, за најдобра режија која ја доби режисерката на претставата Бојана Краљевска Стојков и најдобра сценографија за сценографот Крсто Богојевски“, изјави директорот на установата, Сашо  Тодоровски.

На свеченоста по повод 100 години театарски живот на Штип, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип беа врачени наградите за Фестивалот.

„Тоа е приказна за најмладата публика во која победува доброто, и навистина сме среќни кога гледаме дека секоја изведба на претставата е исполнета до последното место“, изјави Тодоровски.

Во претставата играат Александра Михајловска Величковски, Владанка Димковска, Никица Јанковски, Анастасија Величковиќ и Матеј Стојковски, а драматургијата е на Сашо Костовски, костимите се на Дарко Илиевски.

Претставата повторно е на репертоар кон средината на месец јануари, наредната година. ам/цр

Фото: Театар Куманово Извор: mia.mk

Најново

Последни колумни