Фирмата за видеокомуникации, Зум, чие име стана синоним за работа од дома за време на пандемијата, им наредила на своите вработени да се вратат да работат од канцеларија, пишува Си-Ен-Ен.
Во соопштението, компанијата напиша дека веруваат дека „структурираниот хибриден пристап е најефективен“ и дека луѓето кои живеат на 80 километри од канцеларијата треба да работат во просториите на компанијата најмалку двапати неделно.
„Ќе продолжиме да ја користиме целата наша платформа за нашите вработени и дисперзираните тимови да бидат поврзани и да работат ефикасно“, додаваат тие.
Амазон и Дизни се меѓу компаниите кои ги намалија работните денови на далечина и побараа од нивните работници да се вратат во канцеларија, а истото го направи и Илон Маск по преземањето на Твитер.
Извор: Index.hr