Во денешната епизода на поткастот „Биди свој“ разговаравме со д-р Јулијана Михајловска, специјалист по ендокринолигија во Клиниката Жан Митрев на актуелна тема којашто се почесто ги засега граѓаните „Дебелината е болест!“.
Во рамки на разговорот д-р Михајловска истакна дека зад секој човек со прекумерна тежина се крие приказна која не ја гледаме и затоа не треба да критикуваме и осудуваме без притоа да ги знаеме причините коишто довеле до таквата здравствена состојба.
„Луѓето сеуште мислат дека дебелината е естетски проблем. Тоа е најголемата заблуда во денешно време и сеуште немаме доволно свесност за степенот на сериозноста на дебелината. СЗО ја класифицираше дебелината како хронична доживотна болест како што се дијабетесот и покачениот крвен притисок и како таква треба доживотно да се лекува“ рече д-р Михајловска.
Во поткастот се зборуваше за поврзаноста меѓу дебелината, инсулинската резистенција и дијабетесот тип 2, но и за емоционалната страна на слабеењето, нарушената самодоверба, негирањето на проблемот, стравот од неуспех и откажувањето по првите резултати.
„Многу фактори се клучни за да настане дебелина меѓу кои, социјалниот статус, економскиот статус, опкружувањето и околината, различни патолошки здравствени состојби, хормонски дисбаланси, генетика и болести во кои се употребува кортико терапија. Храната и физичката активност се единствените алатки со коишто можеме да влијаеме. Генетиката не можеме да ја менуваме, но изборот на храна ДА.“ додаде д-р Михајловска.
На самиот крај од поткастот беше заклучено дека за успешно лекување потребна е голема поддршка и разбирање од најблиските и дисциплиниран пристап во менувањето на животните навики коишто ќе придонесат кон полесно надминување на оваа хронична болест.
Целиот поткаст може да го гледате на следниот линк: