Во Дортмунд, државјанин на Србија се предаде на полицијата во средата утрото, откако претходно рани полицаец и потоа се забарикадира во куќа заедно со своите деца. Полицијата потврди дека децата се добро, по целоноќна драма која првично била третирана како ситуација со заложници, според пишувањето на „Билд“.
Мажот, за кој се наведува дека има 51 година и е државјанин на Србија, излегол од објектот околу 3:30 часот и мирно се предал. Сè започнало кога сопругата на осомничениот ја повикала полицијата во вторникот навечер (2 јуни).
Мажот најпрво пукал кон полицајците, а потоа се заклучил во станот во кој се наоѓале неговите три ќерки на возраст од 7, 10 и 12 години. Во станот наводно била и неговата сопруга. Полицаецот кој бил погоден е само полесно повреден благодарение на панцирниот елек.
„Билд“ претходно објави дека мажот истиот ден навечер со пријател правел инциденти во ресторан, нападнал гости со палка и користел бибер-спреј. Исто така, според „Билд“, осомничениот бил во контакт со своите родители за време на драмата.