Search

Додека се бакнувате движите 30 мускули на лицето

Бакнежот претставува универзален јазик кој тотално го разбира секој човек во овој свет. Не сме само психички среќни, возбудени и задоволни додека се бакнуваме со оној кој го љубиме – среќно е и целото наше тело.

Голем број медицински истражувања препорачуваат да се бакнувате што е можно почесто, ако сакате да живеете долг и здрав живот.

  1. Оние луѓе кои го бакнуваат својот партнер за „збогум“ секое утро пред да го напуштат домот, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.
  2. Бакнувањето е добро за вашата самодоверба, бидејќи прави да се чувствувате почитувано и ја подобрува вашата душевна состојба.
  3. Додека се бакнувате, вие движите 30 мускули на лицето, што претставува добра вежба за оние кои сакаат да го намалат обемот на нивните топчести обравчиња. Тензијата која се создава во мускулите предизвикана од еден страстен бакнеж, овозможува измазнување на кожата и подобрување на вашата циркулација.
  4. Хормоните ендорфини кои се лачат во текот на бакнувањето и кои кога се ослободуваат создаваат чувство на среќа, благосостојба и возбуда, се 200 пати помоќни од морфиумот.
  5. Бакнувањето согорува калории. Ако се бакнувате една минута, ќе согорите две до три калории, а воедно можете и двојно да го забрзате вашиот метаболизам. Истражувања потврдуваат дека со три страсни бакнежи на ден, кои траат најмалку 20 секунди, можете да изгубите еден килограм од вашата телесна тежина.

Извор: kurir.rs

Најново

Последни колумни