До 20 јули продолжена кризната состојба со снабдувањето со нафта

Продолжувањето на кризната состојба е условено од неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба, по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Македонското Собрание денеска го усвои предлогот да се продолжи кризната состојба во делот на енергетиката до 20 јули оваа година.

Кризната состојба почнува од 21 парил и практично се надополнува со веќе постоечката која беше донесена на 23 март.

Во образложението, пратениците беа информирани дека продолжувањето на кризата е условено од неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба, по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и сериозните нарушувања во транспортот на сурова нафта, особено преку Ормуската Теснина, кој е еден од клучните светски енергетски коридори.

Според проценките на надлежните институции, по нападите извршени кон крајот на февруари годинава и последователното блокирање на поморските патишта, протокот на нафта низ Ормуската Теснина значително намален, што создава ризик од глобален недостиг и зголемување на цените, со директни последици и врз домашниот пазар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни