Тајна свадба и договор за милиони: што би добила Џорџина ако се разведе од Роналдо?

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, според медиумите, се венчале во Лисабон и претходно потпишале предбрачен договор. Се шпекулира и за месечна исплата од 100.000 евра.

По многуте шпекулации, Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, според медиумските објави, се венчале во Лисабон на 11 август, една година по објавата на свршувачката.

Наместо раскошна свадба, парот наводно организирал интимна церемонија со мал број гости, а од венчавката споделиле само една фотографија – нивните дланки со бурмите.

Интимна церемонија во Лисабон

Ниту Роналдо ниту Џорџина досега не откриле детали за свадбата. Сепак, извори блиски до парот тврдат дека церемонијата се одржала во Лисабон и дека присуствувале само најблиските.

Меѓу гостите, според медиумските информации, била сестрата на Џорџина, Ивана, како и Мигел Хосе, близок пријател на фудбалерот.

Се споменува дека присутни биле и двајца блиски пријатели на Џорџина, а сите четворица биле потпишани како сведоци. Се претпоставува дека на церемонијата биле и блиски членови на семејството, како и петте деца на парот.

Што се знае за предбрачниот договор?

Роналдо и Џорџина, според шпекулациите во португалските и шпанските медиуми, потпишале предбрачен договор пред венчавката.

Она што се знае за неговата содржина засега не е официјално потврдено, но медиумите пишуваат дека во случај на развод, Роналдо би го задржал богатството што го стекнал пред бракот со Џорџина.

Парите и имотот што би ги стекнале по венчавката, според законите во Португалија, би можеле да се сметаат за заеднички. Тоа значи дека доколку дојде до развод, би се делело богатството создадено во текот на бракот.

Дали Џорџина би го задржала месечниот „џепарлак“?

Веќе неколку години португалските и шпанските медиуми пишуваат дека Роналдо и Џорџина имаат приватен договор според кој фудбалерот ѝ исплаќа 100.000 евра месечно.

Наводно, овој договор би важел доживотно, дури и во случај на разделба. Сепак, јавноста нема пристап до документ што би го потврдил тоа.

Некои португалски медиуми пишуваат дека според тамошните закони постои можност Џорџина да го изгуби правото на овие пари доколку самата заработува доволно. Во вакви случаи, наводно, би се земале предвид и други фактори, како должината на бракот, грижата за децата и придонесот на секој од партнерите.

Имотот можеби нема да зависи само од португалските закони

Ситуацијата може да биде посложена затоа што Роналдо и Џорџина периодов живеат главно во Саудиска Арабија, а претходно имаат живеено и во Шпанија.

Затоа, во случај на евентуален развод, прашањето за имотот и договорите би можело да зависи од повеќе правни системи, а не само од португалските закони.

Децата се обезбедени, но Роналдо ги учи да работат

Што се однесува до децата, медиумите пишуваат дека тие се финансиски обезбедени за целиот живот. Роналдо, наводно, веќе има составено тестамент.

Сепак, фудбалерот во повеќе наврати има изјавено дека сака неговите деца да бидат вредни и да научат сами да заработуваат, наместо да очекуваат да живеат само од неговото богатство.

Честитки од соиграчите и нови шпекулации за венчаницата

По венчавката, Роналдо брзо им се вратил на работните обврски. На социјалните мрежи се појави видео на кое неговите соиграчи од Al Nassr му честитаат на теренот, а тој реагира со насмевка.

Засега не е познато како изгледала венчаницата на Џорџина, но по новите информации повторно се споменува нејзиниот изглед на годинашната Мет гала, кога носеше долг бел фустан со корсет и вел со тантела, кој многумина го споредија со венчаница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс