Од 22 до 28 јули во „Бруклински Jazz Bistro“ ќе се одржат музички вечери со различни џез состави.
Програмата се реализира со поддршка од Винарија Душа.
Џез веечерите започнуваат на 22 јули со настапот на IN THE MOOD, а на 23 јули, следува настапот на SKOPJE JAZZ INC.
Програмата продолжува на 24 јули со BT TRIO, додека на 25 јули во „Бруклински“ ќе настапи FILIP DINEV TRIO.
Последната вечер од јулската џез-програма е закажана за 28 јули, со настап на SIMEON PETROV TRIO.
Петте концерти носат различни музички изрази и можност публиката во неколку вечери да проследи дел од домашната џез-сцена во атмосферата на „Бруклински Jazz Bistro“.
Музичката програма е со поддршка на Винарија Душа, која со своето учество уште еднаш се докажува како партнер во промоцијата на културните настани и домашните музички изведувачи.