Дивата депонија во Визбегово, Скопје, повторно е преполна со отпад, а од локацијата се шири силна и непријатна миризба.
На просторот може да се забележат големи количини натрупан отпад, што предизвикува загриженост кај жителите од ова подрачје, особено поради состојбата на депонијата и непријатната миризба што се чувствува во околината.
Проблемот со дивата депонија во Визбегово не е нов. Локацијата и во изминатите години била честа мета на пожари, при што горењето на натрупаниот отпад предизвикувало загадување на воздухот во Скопје и околината.
Големите количини отпад што повторно се натрупани на депонијата ја зголемуваат загриженоста кај локалното население, имајќи ги предвид и претходните пожари на оваа локација.