Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи доделувањето на државната награда „11 Октомври“, највисокото државно признание за животно дело. Наградата се доделува на поединци за нивните исклучителни достигнувања и долгогодишниот придонес во развојот на општеството, науката, културата, уметноста и економијата.
Наградата го носи името на државниот празник 11 Октомври, со кој се одбележува почетокот на народното востание во Македонија во 1941 година. Таа претставува признание за трајните резултати и придонесот на добитниците во областите во кои работат.