Денеска на СП: Австрија и Аргентина во борба за првото место во групата

Халанд и „Викинзите“ на крилјата од убедливата победа против Ирак влегуваат во пресметка со репрезентацијата на Сенегал
epa13053138 A match ball on display ahead of the FIFA World Cup 2026 group stage match Ecuador against Curacao, in Kansas City, USA, 20 June 2026. EPA/AMY KONTRAS

На 12-тиот ден од Светското првенство, бранителот на титулата Аргентина ќе игра против Австрија од 19 часот во натпревар каде што победата на која било од екипите ќе им обезбеди место во нокаут фазата.

Последниот финалист на Светското првенство, Франција, ќе биде голем фаворит против Ирак од 23 часот.

Меси и неговиот тим на теренот во Тексас (19:00)

Дневната програма се отвора со дербито од Групата Ј помеѓу актуелните светски шампиони и австриската репрезентација. Двете селекции ја оправдаа својата улога на фаворити во првото коло (Аргентина го победи Алжир со 3:0, додека Австрија беше подобра од Јордан со 3:1), па победникот од овој дуел практично ќе го обезбеди првото место во групата и полесен пат во нокаут фазата.

Лео Меси и неговиот тим ќе имаат одлична поддршка на стадионот во Далас, но Австријците пристигнуваат во Тексас целосно растоварени и подготвени за изненадување.

„Триколорите“ апсолутни фаворити против Ирак (23:00, Филаделфија)

Французите го отворија Светското првенство со убедлива победа над Сенегал (3:1), а триумф против аутсајдерите во групата, Ирак, би им донел душевен мир пред третото коло во Група И.

Ирак беше убедливо поразен од Норвешка во првиот натпревар (4:1) и сè освен уште три бода за Килијан Мбапе и неговите соиграчи на стадионот „Филаделфија“ би била сензација од прва класа.

Норвешка против Сенегал ќе брка втора победа (02:00)

Халанд и „Викинзите“ на крилата од убедливата победа против Ирак влегуваат во пресметка со репрезентацијата на Сенегал.

За сенегалците овој меч е многу поважен откако во првото коло убедливо загубија од Франција со резултат 3:1.

Дерби на аутсајдерите (05:00)

Во групата Ј ќе играат аустејдерите Алжир и Јордан ко ги загубија своите први мечеви.

Победа во овој натпревар ќе биде императив за двете селекции затоа што ако одиграат нерешено, тешко дека една од двете селекции ќе мине во следната фаза.

Оттаму, публиката со право очекува отворен меч со многу шанси и многу погодоци, а Алжир влегува како фаворит против дебитантот Јордан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс