Денес Македонија ја очекува сончево и многу топло време, со температури кои во поголемиот дел од земјата ќе се движат над 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево, со максимална дневна температура до 37°C, додека утринската ќе биде околу 15°C.
За Скопскиот регион и понатаму е во сила портокалово предупредување за високи температури, што значи дека постои зголемен ризик од последици по здравјето, особено кај хронично болните, повозрасните лица, децата и бремените жени.
Надлежните препорачуваат да се избегнува престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се внесуваат повеќе течности, да се носи лесна и светла облека, физичките активности да се ограничат во најтоплиот дел од денот.
Според прогнозите, ова нема да биде само еднодневен топлотен удар. Жешкото време ќе продолжи и во текот на следните денови, кога максималните температури на повеќе места ќе достигнуваат 38 и 39 степени, па се препорачува дополнителна внимателност и заштита од високите температури.