Повеќе делови од Скопје денеска (13 јули) ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Според информациите од претпријатието, станува збор за дефект на водоводна цевка со пречник Ф250 милиметри на улицата „Македонска Косовска Бригада“ бр. 23А, зад зградите кај Аквадукт.
Поради санацијата на дефектот, од 8:30 часот без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Македонска Косовска Бригада“, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до подвозникот во Шуто Оризари, жителите на улицата 11, касарната „Илинден“, Трговскиот центар „Поинт“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата и санацијата на дефектот на водоводната мрежа.