Делови од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош денеска (13 јули) ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Според најавата, во периодот од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Беаз Куле“ во Општина Ѓорче Петров. Во Општина Карпош, пак, од 11:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Теодосиј Синаитски“, парните броеви до број 12.
Од ЕВН Македонија апелираат граѓаните навреме да ги испланираат своите дневни активности и да ги земат предвид најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија. Прекините се дел од редовните активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.