Делови од општините Гази Баба и Карпош денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради најавени технички интервенции.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека во периодот од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Радован Ковачевиќ“ во општина Гази Баба.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, пак, известуваат дека поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1’’ на булеварот „Партизански одреди“ 48А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата „Мајаковска“ и дел од булеварот „Партизански одреди“ позади СЈО.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.