Жителите на улицата „Партениј Зографски“ во населбата Водно денеска ќе останат без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот ќе започне во 09:30 часот, поради изведување на водоводен приклучок на адреса ул. „Партениј Зографски“ бр. 51.
Во соопштението не е наведено до кога ќе трае прекинот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата. Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да обезбедат доволни количини вода за основните потреби додека траат работите на терен.