Дел од ракета на SpaceX ќе удри во Месечината, ќе направи нов кратер

Површината на Месечината идната недела ќе добие нов кратер по силен удар од ракета што ќе ослободи енергија колку три тони ТНТ.
SpaceX)
Photo: SpaceX

Напуштен дел од ракета на компанијата SpaceX неконтролирано се движи кон Месечината и идната недела ќе удри во нејзината површина. Според проценките на научниците, ударот ќе ослободи енергија еднаква на експлозија од три тони ТНТ, при што ќе создаде нов кратер и ќе подигне голем облак од прашина и остатоци.

Судирот на напуштениот дел од ракетата со Месечината ќе предизвика силна експлозија на нејзината површина. Научниците очекуваат дека оваа колозија ќе доведе до формирање нов кратер, додека исфрлената прашина и остатоци ќе овозможат дополнителни набљудувања на месечевата површина.

Овој инцидент одново ги отвора дискусиите меѓу експертите за сè поголемиот број напуштени објекти во вселената. Научниците предупредуваат дека просторот околу Земјата и нејзиниот природен сателит станува сè погусто исполнет со вселенски отпад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс