„Водњанска“ без вода

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 11 часот поради интервенција на водоводната мрежа.

Жителите на дел од Општина Центар денеска ќе останат без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според најавата, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 11:00 часот, а без вода ќе бидат корисниците на делови од улиците: „Бел Камен“, „Водњанска“, „Шарски Одред“

Од надлежните не соопштија колку долго ќе трае прекинот, па на граѓаните им се препорачува навреме да обезбедат резерви на вода за основните потреби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс