Сопственикот на „Пулс“ останува во притвор, одбраната бара куќен притвор

Првообвинетиот во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, останува во притвор, иако одбраната повторно побара куќен притвор.

Првообвинетиот во случајот за пожарот во Кочани, сопственикот на т.н. дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, останува во притвор во затворот во Куманово.

На денешното рочиште неговата одбрана повторно побара мерката притвор да биде заменета со куќен притвор. Одбраната тврди дека здравствената состојба на обвинетиот е влошена и до судот доставила дополнителна медицинска документација.

Од Обвинителството посочија дека дополнително писмено ќе се произнесат за барањето, бидејќи била доставена нова медицинска документација. Сепак, најавија дека мислењето ќе биде негативно, бидејќи, според нив, затворски лекар рекол дека терапијата што ја прима Јованов може да ја добива и во затвор.

На повторното барање за укинување на притворот реагираа родителите на загинатите во пожарот, кои порачаа: „Пуштете го, ние ќе му пресудиме“.

Барање за укинување на притвор поради влошена здравствена состојба поднесе и одбраната на обвинетите Беким Хаџиу и Тодор Јованов. Одбраната на обвинетиот Шабан Салиу информираше дека поднела писмен предлог за укинување на една од петте мерки за претпазливост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни