Бугарија сè уште ја слави историската победа на DARA на Евровизија, а Софија веќе најавува симболичен пречек за пејачката што ѝ ја донесе на земјата првата евровизиска победа. Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, јавно ѝ честиташе и порача дека ќе има црвен тепих за нејзиното враќање дома.
Поводот дојде и од самата DARA, која по победата во Виена, со насмевка се обрати до градоначалникот и порача дека се надева оти Софија ќе подготви „убав, голем црвен тепих“ за гостите. Бугарските медиуми веднаш ја пренесоа изјавата како симбол на еуфоријата што ја зафати земјата по победата со „Bangaranga“.
DARA победи на 70. издание на Евровизија со 516 поени, освојувајќи ги и гласовите на жирито и гласовите на публиката. Со тоа Бугарија за првпат во својата евровизиска историја се искачи на првото место, а следната година ќе биде домаќин на натпреварот.
Победата, сепак, за DARA веќе носи нешто поголемо од класична награда: европска видливост, национална еуфорија и можност Бугарија во 2027 година да стане домаќин на најголемиот музички натпревар во Европа. А за пејачката, која годинава одбележува десет години на сцената, триумфот во Виена го нарече и подарок за нејзините фанови.