Search

Дали знаевте дека денес е денот на велосипедот

На денешен ден пред 81 година 19.04.1943г. Алберт Хофман проголтал 0,25 милиграми (250 микрограми) од супстанцијата Ентеоген (Лизергинска киселина Диетиламид), додека го истражувал Ерготот. Заедно со својот лаботант заминале да возат точак до дома низ Базел.

Два часа подоцна почнале да му излегуваат чудовишта, набргу неговиот ужас почнал да му дава место на чувството на среќа и уживање… се стопиле боите и почнал да гледа калеидоскопски, фантастични слики. Поточно почнал да ги чувствува ефектите на халуциногената дрога ЛСД. Тој го истражувал

Настаните од ова прво патување со ЛСД, сега познато како “Ден на велосипедот”, по возењето со велосипед до дома, му се докажало на Хофман дека тој навистина направил значајно откритие: психоактивна супстанца со извонредна моќ, способна да предизвика значителни промени на свеста во неверојатно ниски дози. Терминот патување(tripping) првпат е измислен од научниците од американската армија во текот на ’50-тите кога експериментирале со ЛСД. Откако им дале на војниците нормална доза на ЛСД, после некое време откако почнале да ги чувствуваат ефектите, сфатиле дека не сакаат да се дел од никаква војна, дека животот вреди многу повеќе и фактот дека требало да пукаат со пушки едноставно им бил одбивен.

Прославата на Денот на велосипедот потекнува од градот ДеКалб-Илиноис, од 1985 година, кога Томас Б. Робертс, тогаш професор на Универзитетот во Северен Илиноис, го нарекол “Ден на велосипедот” и ја организирал првата прослава во својот дом.

Среќен ден на велосипедот 😉


Превземено од: „https://www.facebook.com/dimkoski.dusko/posts/

Најново

Последни колумни