Намирница која ја чисти скарата и спречува загорување

Едноставен и природен трик со кромид помага да се отстранат маснотиите и загорените остатоци од решетката.

Со доаѓањето на потоплото време, многумина ќе ги извадат скарата и ќе ја започнат сезоната на дружење на отворено. Сепак, првото палење на скарата по долгата зимска пауза често носи и непријатни изненадувања во вид на стара маснотија и загорени остатоци од храна.

Заборавената или недоволно исчистена решетка од минатата сезона претставува тежок предизвик за чистење.

За среќа, постои едноставно, евтино и целосно еколошко решение кое не бара употреба на агресивни хемикалии. Експертите за чистење претставуваат методи кој се базираат на намирница што се наоѓа речиси во секое домаќинство – главица кромид.

Метод за чистење на скара

Постапката е многу едноставна. Според советот, прво треба да се запали скарата и добро да се загрее решетката, бидејќи методот најдобро функционира на висока температура. Потоа, главицата кромид се сече на половина, едната половина се набодува на вилушка и со неа силно се триe врелата решетка.

Природните сокови од кромидот помагаат во разградување на загорените остатоци, а имаат и антибактериско дејство. Овој метод не само што е ефикасен, туку е и безбеден за површините на кои се подготвува храна.

Чистење на тврдокорни дамки

Во случај на особено тврдокорна маснотија, постојат и други природни решенија. Се препорачува користење пиво. Мала количина пиво се истура врз уште топлата решетка; киселината од пивото помага во разградување на маснотијата, која потоа лесно се отстранува со четка или крпа.

Содата бикарбона исто така е ефикасна. Со мешање со малку вода се добива густа паста која се нанесува на решетката, се остава кратко да делува, а потоа добро се триe. Сличен ефект има и лимонот – како и кромидот, може да се втриe на решетката за да ја отстрани маснотијата и да остави свеж мирис.

Ослободете се од една работа од кантата за ѓубре и кажете збогум на мувите

Летото со себе носи и појава на муви, кои особено ги привлекува отпадот од храна. Професионална експертка за чистење, Клер, предлага едноставно решение за овој проблем.

Таа тврди дека солта е клучна за спречување на појавата на муви и ларви во кантите за отпад. Доволно е да се посипе слој сол на дното од празната канта. Солта ќе ги исуши и уништи јајцата што ги оставаат мувите, спречувајќи нивен развој. По тоа, кантата треба темелно да се исчисти пред да се стави нова кеса и повторно да се додаде слој сол.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни