Чудо од лек: Пациент со цистична фиброза слави една година нов живот со Трикафта!

Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, на својот Фејсбук профил објави дека на 29 јануари 2024 година започнал со примање на лекот Трикафта (Kaftrio), кој за него значи нов живот.

Тој истакна дека борбата не била лесна, но дека е пресреќен што зачекорил во поинакво светло на животот. Пехчевски ја потенцираше важноста на лекот, кој значително го подобрил неговото здравје во изминатата година, и изрази благодарност до сите што ја поддржале борбата за обезбедување на овој лек, особено на медиумите и медиумските работници.

https://www.facebook.com/share/15gmE1iiGt/?mibextid=wwXIfr

е-Трн да боцка во твојот инбокс