Суперхероите од стриповите и филмовите се вистински хит и сите им аплаудираат, но понекогаш, постојат херои од реалниот живот кои го спасуваат светот и не им е потребна насловна на весникот за да им каже на сите за тоа. Тие се само најчесто скриени во историските книги, доколку воопшто и ги пишува. Не им е потребна парада, ниту некаква наметка.
Овие четири вистински суперхерои направиле подвиг со кој го спасиле целиот свет и поради кој треба да се сеќаваме на нив.
Станислав Петров
Приказната за Станислав Петров е вообичаена кулминација во филм за суперхерои: дотичниот јунак засукува ракави и се спротивставува на корумпираната влада. Капетан Америка ризикува да оди на воен суд за да го запре нуклеарниот напад врз болница и вели нешто како: „Ова не е начинот на кој ги правиме работите“. Во реалноста, тоа е апсолутно начинот на кој ги правиме работите, но не и во светот на фантазијата на филмовите!

Во реалниот живот, човекот по име Станислав Петров е одговорен за едно од најважните НЕ во историјата. НЕ што спречи Студената војна да се претвори во целосен нуклеарен армагедон. Потполковник Петров од Советскиот Сојуз беше човекот задолжен за следење на многу важен компјутер – системот за предупредување што ќе им каже дали САД лансираат проектили кон нив. На 26 септември 1983 година, се појави токму пораката што тие се надеваа дека нема да ја видат, велејќи дека пет ICBM се упатиле кон Советскиот Сојуз.
Следната акција, за среќа, лежеше во човечки раце. Ваков напад беше неочекуван, но не тотално невозможен и се сведе на проценка на Петров за тоа дали е реален или не. Ако тој го пријави како вистински удар, Советите ќе користат нуклеарни оружја – насочени кон САД, што ќе беше прилично значаен потег. За среќа, речиси за целото човештво, Петров одлучил дека најверојатно е грешка и не ја пријавил. Испадна дека е во право.
Хенриета Лакс
Чест пример за суперхерои е манифестација на нивната слика која е последица не некоја медицинска аномалија. Штом телекинетички поместувате чаша за пиење, можете да бидете сигурни дека некој воен командант на црните операции со истакната лузна е на пат кон куќата на вашите родители за да ве фрли во хеликоптер и да ви даде некаква мисија. Неконсензуално медицинско експериментирање постои и во нашиот свет, но тоа е многу помрачно и не е нешто за што некој сака да размислува, а уште помалку да го набљудува. Тоа е, исто така, нешто што најчесто се прави врз обесправените малцинства.

Кога една жена по име Хенриета Лакс умирала од рак на грлото на матката на 31-годишна возраст во болницата Џон Хопкинс, некои од нејзините клетки биле собрани и доставени за истражување без таа воопшто да знае или да се согласи со тоа. Таа умре, но овие клетки продолжија да живеат. Всушност, тие живееле толку ефикасно, имајќи неверојатна моќ на регенерација, што станале основа за неверојатен медицински напредок во сè, од истражување на рак до развој на ин витро оплодување.
Во филмовите, ако нечиј медицински придонес спаси милијарди животи, можете да бидете сигурни дека ќе има статуа, церемонија и генерал со насолзени очи кои ќе ја поздрават нивната жртва. Кога тоа се случува во реалниот живот, барем на една афро-американка во време кога повеќето болници не би ја лекувале, лекарите и генералите не им кажале ни на нивното семејство.
Александар Акимов
Без разлика дали од историските книги, морничавите фотографии или мини-серијата на ХБО, веројатно сте слушнале за нуклеарната катастрофа во Чернобил. Топењето на нукеарниот реактор уби и разболе многу луѓе, а „зоната на исклучување“ околу централата сè уште е богата со нуклеарно зрачење, толку многу што не ви е дозволено да ја допирате земјата дури и во областите низ кои ви е дозволено да одите. Слободно може да се каже дека тоа е една од најголемите катастрофи во историјата.

Сепак, факт е дека она што се случи беше подобриот исход од некои од можните опции и тоа е во голема мера благодарение на човекот по име Александар Акимов. Акимов беше дежурен надзорник на смената во централата во Чернобил за време на катастрофата. Кога започна катастрофата, тој претпоставуваше дека се работи за грешка во опремата и не го пренесе предупредувањето. Меѓутоа, штом сфати дека грешката, всушност, станува реалност, тој учествуваше во еден од најхеројските моменти на сите времиња.
Бидејќи се чекаше премногу долго за да се преземе акција, од реакторот не само што протекуваше радијација, туку и многу заштитни мерки за итни случаи веќе беа нефункционални. Наместо да ја свиткаат опашката и да заминат, Акимов и неговиот тим ги презеле работите во свои раце – буквално. Тие рачно пумпаа вода во реакторот кои беше прегреан, без потребната гардероба за да го направат тоа безбедно и сите умреа како резултат на радијацијата. Сепак, тие спречија несреќата да биде уште покатастрофална отколку што беше.
Игназ Семелвајс
Доктор Игназ Семелвајс, како и секој добар лекар, бил вознемирен од огромните стапки на смртност поврзани со породувањето во неговата болница во 1800-тите и одлучил дека можеби треба да сфати како да не се убиваат луѓето.

Семелвајс истражувал а и забележал дека стапката на смртност кај жените чие породување го ракувале лекарите е пет пати поголема од жените чие породување го ракувале акушерки. Тој истражувал неколку варијабли за да види што го предизвикува ова и заклучил дека најверојатна причина е за тоа е што лекарите кои прегледувале и вршеле аутопсии на болни луѓе не ги миеле рацете пред да започнат со процесот на пораѓање на трудниците.
Тој побарал лекарите да почнат да ги мијат рацете со хлор меѓу прегледување на пациентите и иако тоа веројатно не беше одлично за нивната кожа, тоа функционираше. Стапката на „детска треска“, значително се намали. Сепак, иако ова требало да биде големо откритие што ќе спаси животи, останатите лекари се налутиле на импликацијата дека прават нешто погрешно и целосно го игнорирале Семелвајс. Дури и болницата во која работел, каде што видоа дека функционира, го отпуштиле и престанале да ги мијат рацете.
Извор: Cracked