ChatGPT моделот на вештачка интелигенција на Open Ai моментално е недостапен за многу корисници ширум светот.
Вештачкиот бот не може да прифаќа барања, што резултира со порака за грешка по секое барање.
До 11 часот наутро, повеќе од 5.000 корисници го пријавиле проблемот, а компанијата сè уште не коментирала што точно се случува.
OpenAI потврди дека корисниците моментално имаат проблеми низ целиот свет, при што многумина не можат да пристапат до вештачката интелигенција.
Овој прекин досега трае некаде околу еден час. Според DownDetector, ChatGPT моментално има прекин во САД, Европа, Индија, Јапонија, Австралија и други делови од светот.
На страницата за статус, OpenAI потврди проблем што влијае на ChatGPT.
„Го истражуваме проблемот за наведените услуги“, соопшти компанијата.