Утрово избувна пожар на брод во сплитскиот залив Балуни.
Бродот бил долг околу десет метри и се наоѓал на сув док, објавува „Далмација Данас“ . Според првичните информации, пожарот го забележале соседите кои веднаш ги повикале пожарникарите.
Причината за пожарот засега не е позната.
Веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени значителни противпожарни сили.
„Благодарение на нивната брза и ефикасна акција, пожарот беше успешно изгаснат, спречувајќи го неговото ширење и поголема материјална штета“ јавуваат хрватските медиуми.