На 14 мај, во Сули Ан, визуелниот уметник Бојан Ковски ја отвора изложбата „Декада на трансформации“, со која одбележува 10 години уметничко истражување на body paint-от, перформансот и трансформацијата.
Телото овде не е само тело, туку платно. Кожата не е граница, туку јазик. Бојата не е украс, туку начин на раскажување. „Декада на трансформации“ не е класична ретроспектива, туку визуелно патување низ идентитетот, движењето, времето и промената.


Во видеото за Трн.мк, Ковски зборува за процесот зад изложбата, за тоа како body art-от од лична љубопитност прераснува во препознатлив уметнички јазик и за моментот кога публиката престанува да биде само набљудувач и станува дел од искуството.
Изложбата носи нова серија дела создадени во соработка со Бојан Стојлковски како партнер, видеограф и фотограф, со поддршка во body paint процесот од Неслихан Сулејман.