Секој ноември нè фаќа истата математичка треска во која главната улога ја игра знакот минус. Минус 20 отсто на слушалки, минус 30 на парфем, минус 40 на нешто што го посакуваш долго време. Проблемот со класичниот Black Friday е што сите тие минуси обично завршуваат со еден голем минус на твоето трпение додека вртиш кругови за паркинг или чекаш ред на каса. Оваа година, меѓутоа, играта добива малку поинаква боја и еден многу корисен плус.
Сценариото ни е добро познато на сите. Излегуваш од дома со идеја да уловиш добра зделка, а завршуваш во колона возила каде што времето стои, додека на телефон гледаш како последниот број од патиките или полначот што го меркаше исчезнува од залиха. И дури кога ќе успееш да купиш нешто на попуст, чувството на победа трае сè додека не сфатиш дека си потрошил половина слободен ден и цел резервоар гориво за заштеда од неколку стотини денари.
Наместо да се натпреварува кој ќе напише поголем процент на излогот, Wolt влегува во приказната со едноставна логика: земи ја веќе одличната Black Friday понуда и додај ѝ уште една придобивка. Тој дополнителен плус е Wolt+, кој носи нула денари достава.
Во пракса, тоа значи дека викендов можеш да ги споиш сите оние мали и големи желби што ги чуваше во кошничка без да плаќаш посебно за нивното пристигнување:
За технолошките ситници што секогаш откажуваат во петок попладне, нарачуваш нов кабел или безжични слушалки и ги добиваш пред врата без да мрднеш од биро.
За козметиката и негата што никогаш не се доста, одличен момент да ги обновиш залихите за зима без да се туркаш меѓу полици.
За домот, милениците и викенд-трпезата, затоа што и кучето заслужува нова играчка на попуст, а ти заслужуваш топол оброк додека ги отпакуваш останатите нарачки.
Или може да ја разгледаш понудата од Blue Friday со неверојатните понуди.
Кога на секоја од овие понуди ќе се надоврзе Wolt+, математиката станува чиста: попустот од продавницата останува целосно твој, а доставата е нула денари.
Најголемата заблуда околу ноемвриските попусти е дека тие треба да изгледаат како сериозна сметководствена операција. Вистинската поента на добриот шопинг е да си ги набавиш работите што ти го олеснуваат денот, без притоа да си го расипеш расположението.
Преку Blue Friday пристапот, минусот на цената и плусот на Wolt+ работат во иста насока. Помалку потрошени пари на производите што ги сакаш, нула денари за достава до врата и цел петок попладне слободен за сè друго освен за чекање на каса.
