„Битфест“ се отвора со мјузиклот „Као какао“

Отворањето на „Битфест“ е во сабота на 19 јуни

Мјузиклот „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, на 19 јуни ќе го отвори најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“.

На прес-конференција во Битола, директорот на ЈОУ Културен информативен центар (КИЦ)-Офицерски дом, Димитар Михајловски, изјави дека за прв пат битолскиот КИЦ во целост ќе го организира и реализира „БитФест“.

– Битолското културно лето „БитФест“ го отвораме со големо дело, со прекрасниот мјузикл „Као какао“. Сакам да истакнам дека ЈОУ КИЦ-Битола за прв пат како институција ќе го организира битолското културно лето, а Општина Битола е поддржувач на големиот културен настан. Свеченото отворање на „БитФест“ ќе биде на 19 јуни во големата сала на битолскиот Центар за култура. Наскоро ќе ја презентираме целата програма на „БитФест“, посочи Михајловски.

Според Влатко Стефановски, „Као какао“ не е забавно естраден проект, туку сериозен и амбициозен уметнички експеримент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс