Биткоинот нагло скокна: најголем дневен раст од март, цената се приближи до 68.300 долари

Биткпинот забележа најголем дневен раст од март, откако неговата цена скокна за 5,4 отсто и се приближи до 68.300 долар, највисоко ниво од почетокот на јуни. Со овој раст, најпознатата криптовалута го проби повеќемесечниот ценовен опсег, додека инвеститорите очекуваат нови сигнали од Вашингтон за иднината на пазарот на дигитални средства.

На неделно ниво, Bitcoin е во плус 7,6 отсто.

И обемот на тргување нагло порасна

Пазарната капитализација на Bitcoin во последните 24 часа се зголемила за 5,4 отсто, достигнувајќи околу 1,36 трилиони долари. Уште позначителен е скокот на обемот на тргување – тој пораснал за повеќе од 77 отсто, на околу 35,43 милијарди долари. Раст забележа и целокупниот криптопазар. Неговата вкупна вредност се зголеми за околу 5 отсто, на 2,31 трилиони долари.

Ethereum порасна за 9 отсто

Втората најголема криптовалута, Ethereum, забележа уште поголем раст, околу 9 отсто, достигнувајќи цена од приближно 2.090 долари. Движењата на пазарот доаѓаат во пресрет на планираната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со директори на водечки крипто-компании.

Меѓу компаниите чии претставници се очекува да учествуваат се Coinbase, Payward, сопственикот на берзата Kraken, и Blockchain.com. Инвеститорите очекуваат разговорите да се фокусираат на создавање порегулаторна рамка поповолна за крипто-индустријата, како и на забрзување на законите со кои би се уредил американскиот пазар на дигитални средства.

SEC испрати нов сигнал кон крипто-индустријата

Дополнителен оптимизам на пазарот предизвика и предлогот на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) од оваа недела. Според предлогот, одредени понуди на дигитални средства би можеле да бидат ослободени од обврската за регистрација како хартии од вредност. Целта е да им се олесни на крипто-компаниите во почетните фази од работењето и при обезбедувањето капитал.

Сепак, поширокиот закон за уредување на структурата на крипто-пазарот, познат како „Clarity Act“, и натаму е блокиран во американскиот Сенат поради несогласувања меѓу демократите и републиканците околу делови поврзани со етичките правила.

Слабеењето на доларот му помогна на Bitcoin

На растот на Bitcoin дополнително влијаеле и падот на приносите на американските државни обврзници и послабиот долар, што традиционално може да го поддржи интересот за поризични средства. Американското Министерство за финансии во меѓувреме најави дека најмалку ќе го удвои обемот на откуп на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 10 до 30 години.

Мерката има цел да ја поддржи ликвидноста на пазарот и да ги намали стравувањата од понатамошно зголемување на трошоците за долгорочно задолжување.

Растот на Bitcoin затоа доаѓа во момент кога крипто-инвеститорите добиваат повеќе позитивни сигнали од американскиот регулаторен и финансиски пазар, но останува неизвесно дали пробивањето на повеќемесечниот опсег ќе се претвори во подолготраен тренд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс