Без вода од 9 часот делови од Центар, Карпош и Бутел

Прекини во водоснабдувањето во Скопје – делови од Центар, Карпош и Бутел остануваат без вода поради технички зафати.

Поради технички зафати, денеска (28 април) делови од Скопје ќе останат без вода, информира ЈП „Водовод и канализација“. Од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во општина Центар.

Во истиот период без вода ќе бидат и делови од општина Карпош, односно улиците „Париска“, „Варшавска“ и „Хелсинки“, како и СУГС „Георги Димитров“.

Прекин ќе има и во дел од општина Бутел – на улицата „Бутелска“ и во дел од населбата Бутел 1.

Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде обновено по завршување на санационите работи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни